Машката штафета на САД, на 4×100 метри не успеа да избори пласман во финалето на Олимписките игри во Токио.
Поради лошо направените измени, Американците во својата квалификациска група завршија на шестото место. Иако, имаа подобар резултат од трето пласираните Јапонци, кои се натпреваруваа во другата група, тие не успеаја да влезат во финалето.
Правилата се јасни, првите три селекции од секоја група и уште две со најдобар резулта одат во финалето. Американците за две стотинки имаа полош резултат од Гана и останаа без финалето.
За зпатото на 4×100 метри во машка конкуренција ќе се борат штафетите на Јапонија, Кина, Франција, Италија, Велика Британија, Канада, Германија и Гана.