Американската тенисерка, Кајли Мекензи, поднесе тужба против Тенискиот сојуз на САД. Мекнзи смета дека не ја заштитиле откако пријавила дека нејзиниот тренер сексуално ја злоставува.
Мекензи открила дека во 2018 година, откако завршила со тренингот, тренерот Анибал Аранда и поделил неколку комплименти, започнал да и поставува незгодни прашања, а потоа потоа започнал да ја допира по интимните делови.
Истото тренерот Аранда го повторил и на наредните неколку тренинзи.
Мекензи го пријавила тренерот пред четири години, но не ја добила поддршката од Тенискиот сојуз на САД.
Тренерот ги негирал обвинувања, но сепак како вработен во Тенискиот сојуз на САД, добил отказ.