Европскиот шампион во борење, Бесир Алили, за големиот успех од Агенцијата за млади и спорт ќе биде награден со еден милион денари. Алили, освои златен медал на Европското првенство за кадети, во категоријата до 48 килограми.
Одлуката, тој за големиот успех да биде награден парино, ја соопшти директорот на АМС, Дарко Каевски на денешниот прием.
Покрај во АМС, прием за Алили денес организираше и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.