Два натпревари се одиграа во текот на изминатата ноќ во северно-американската професионална хокеарска лига. Победи забележаа екипите на Детроит Ред Вингс и Чикаго Блекхокс.
Детроит пред своите навивачи по едно продолжение ги совлада Отава Сенаторс со 2:1. Двата гола за Детроит ги постигна Канаѓанецот Андреас Атанасиу.
Првиот гол го постигна во 11.минута, потоа Отава израмни на почетокот на третиот период преку Рајан Џингел. Атанасиу во финишот на мечот не реализира пенал, а грешката ја исправи во шестата секунда од продолжението кога го постави конечниот резултат.
Анастасиу го израми рекордот за најбрзо постигнат гол во продолженијата, во регуларниот дел на сезоната. Претходно во шестата секунда голови постигнувале Метс Сундин, Дејвид Легванд и Алекс Овечкин.
Детроит е во серија од три победи, но и покрај тоа се наоѓа на скромното 13.место на Истокот, додека Отава е две места подолеу од Ред Вингс.
Andreas Athanasiou matched an NHL record for the fastest regular-season overtime goal in League history. #NHLStats pic.twitter.com/irDrAKwlIK
— NHL Public Relations (@PR_NHL) January 4, 2018
Чикаго Блекхокс со 5:2 победија во Њујорк. Гостите до победата стигнаа со фуриозна игра во третиот период, во кој екипите влегоа со резултат 2:2.
Шарп, Тревис и Кејн ги постигнаа головите за Блекхокс за конечни 5:2. Претходно Хиностроза и Шмалц беа стрелци за Чикаго, а за Њујорк Ренџерс погодија Холден и Зибанеџад.
По овој меч Ренџерс се седмопласирани на Истокот, додека Чикаго е десетти на Западот.