Финалистот од Вимблдон, Кевин Андерсон експресно го совлада Григор Димитров со 6:4/6:2 за само 64 минути во четврт-финалето на Роџерс купот во Торонто.
Јужноафриканецот имаше 12 аса и ниту една двојна сервис грешка и освои повеќе од 80 отсто од поените на свој прв сервис, и во исто време освои речиси половина од поените на сервис на Димитров. Тој ги искористи брејк поените во секој гем во кој ги доби за импресивна победа.
„Навистина завршив одлична работа на сервис, одличен ритам и го контролирав мечот. Од основната линија му направив многу проблеми“, вели Андерсон, кој очигледно е подготвен да оди на уште едно финале на САД опен.
Димитров, кој ќе ја брани титулата од Мастерс турнирот во Синсинати следната недела, даде малку отпор во вториот сет, но на крајот немаше доволно сили за моќниот Јужноафриканец.
На женскиот Роџерс куп во Монтреал пак, Австралијката Ешли Барти влезе во полуфиналето со лесна 6:4/6:1 победа над Кики Бертенс и сега го чека подобриот од дуелот на првата носителка Симона Халеп и шестата носителка Каролионе Гарсија.
Without breaking a sweat. ??
Anderson defeats Dimitrov in straight sets to reach #RogersCup Semifinals. pic.twitter.com/aegIS348ql
— Tennis Channel (@TennisChannel) August 10, 2018