Top Sport

Андерсон подобар од Ѓоковиќ, Светот ја „стресе“ Европа

Тимот на остатокот на светот остана на само два поени зад Европа по вечерната сесија на Лејвер купот во Чикаго, откако Кевин Андерсон успеа да го победи Новак Ѓоковиќ и предноста на Европа пред последниот ден е два поени (7:5).

Александер Зверев го победи Џон Изнер, а Роџер Федерер беше подобар од Ник Кирјос во првите мечеви од денот за 7:1 водство на Европа пред вечерните мечеви, но тогаш дојде првиот шок во вечерната сесија – Кевин Андерсон, финалистот од Вимблдон му се одмазди на Ѓоковиќ за поразот во Лондон со 7:6(5)/5:7/10:6 победа.

Ѓоковиќ пак, по поразот во мечот во двојки со Федерер, засега нема освоено ниту еден поен за Европа. Нему не му помогнаа ниту советите од Федерер на клупата.

Џек Сок и Ник Кирјос потоа имаа забавен меч за победа над Григор Димитров и Давид Гофан, по што се намали разликата на само 7:5.

Во последниот ден од вториот Лејвер куп се доделуваат три поени за меч, а првиот кој ќе стигне до 13 е победник.

Scroll to Top