Top Sport

Андерсон со трофејот од Абу Даби

Јужноафриканскиот тенисер Кевин Андерсон е шампион од егзибицискиот Мубадала шампионат во Абу Даби, откако го победи Роберто Баутиста Агут со 6:4/7:6(1).

На турнирот требаше да настапат Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, но двајцата се повлекоа поради повреда, по што како замена „улета“ Енди Мареј, кој загуби од Баутиста во еден сет.

За 14-рангираниот Андерсон пак, ова е трета победа на турнирот откако претходно ги победи Пабло Карењо-Буста и Доминик Тим.

Scroll to Top