Бјанка Андреску се пласира во финалето на мастерсот во Индијан Велс, со што го оствaри најголемиот успех во кариерата. Канаѓамката во полу-финалето, во три сета (6:3, 2:6, 6:4) ја победи Елина Свитолина.
Тенискиот свет ја запозна Андреску на првиот гренд слем турнир, Австралија опен. Оваа 18-годишна девојка во претходната рунда ја елиминираше Гарбиње Мугуруса.
Победата против Свитолина, Андреску ја најави во првиот сет, кога од 0:3 освои шест гема и го реши сетот со 6:3.
Украинката вториот сет го доби убедливо со 6.2, а во третиот пресуди брејкот што го направи Андреску во седмиот гем.
За најголемата титула во кариерата Андреску ќе се бори со Анжелик Кербер. Германката со 6:4, 6:2 ја победи Белинда Бенчиќ.