Андријана Поп Арсова и Дарио Ивановски се победници на полумаратонската трка шестото издание од атлетската спортска манифестација „Охрид трчат“.
Патеката низ улиците на Охрид, Поп Арсова ја мина за време од 1 час 22 минути и 34 секунди, додека Ивановски имаше резултат 1 час 8 минути и 2 секунди.
Второпласиран кај мажите беше Американецот Џастин Фриман, а трет беше Тирон Мамуша од Косово. Во женска конкуренција како второпласирана заврши Биљана Кираџиева, а трета беше Миљана Ристиќ.
На петкилометарската трка најдобра беше Јана Стефановска (21:20 мин.), а во машка конкуренција најбрз беше Кристијан Наумовски (16:45 мин.).
На овој настан учествуваа околу 1.300 атлетичари, спортисти и рекреативци од 18 земји.