Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во осминафиналето на Австралија опен откако без никакви проблеми со убедливи 3-0 (6:4, 6:1, 6:1) славеше против Швеѓанецот Макаел Имер. Гркот на теренот помина само 94 минути што е потполно спротивно за разлика од неговиот претходен дуел со Кокинакис кога играше повеќе од четири ипол часа.
Ривал на Циципас во борбата за влез во четвртфиналето ќе му биде подобриот од дуелот Хачанов – Беретини.
Место во осминафиналето на грен слем турнирот обезбеди и Русинот Андреј Рубљов кој лесно со 3-0 (7-5, 6-2, 6-3) во сетови го совлада Шпанецот Фелисијано Лопез.
Негов противник во борбата за четвртфинале ќе му биде Норвежанецот Руд кој со 3-1 славеше победа против Албот.
Со почеток во 10.30 часот по средноевропско време својот дуел на турнирот ќе го одигра Шпанецот Рафаел Надал. Негов противник е Британецот Нори.