Новак Ѓоковиќ имаше среќа на денешната ждрепка за Австрлија опен и успеа да ги избегне во раната фаза од турнирот големите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Србинот со Шпанецот може да се сретна само во финалето, додека евентуална пресметка со Швјацарецот е можна само во полу-финалето.
Ѓоковиќ поради шестмесечната пауза назадуваше на АТП листата и поради тоа во Мелбурн, каде што има освоено шест титули, ќе биде 14.носител.
Third quarter #AusOpen pic.twitter.com/3mlGpWiNQO
— Ilya Ryvlin (@ryvlin) January 11, 2018
Првиот носител Надал турнирот ќе го отвори против ветеранот Естреља Бургос, а на неговиот пат се наоѓаат Леонардо Мајер, Дамир Џумхур, Џон Изнер и Марин Чилиќ. Хрватот кој е шести носител во првото коло за противник го доби Џон Милман, а на неговата страна од костурот се Куевас, Милер и Карењо-Буста.
First quarter #AusOpen pic.twitter.com/QH6NG5ZW9M
— Ilya Ryvlin (@ryvlin) January 11, 2018
Бранителот на титулата, вториот носител Роџер Федерер, во првото коло ќе игра против Аљаж Бедене, во второто коло најверојатно ќе го чека Германецот Штруф, а прв од носителите на неговиот пат може да биде Ришар Гаске. Во осмина-финалето можни противници на Швајцарецот се Раониќ или Квери, потенцијален ривал во четврт-финалето му е Давид Гофан, но во овој дел од костурот се наоѓаат и Дел Потро, односно Бердих и Фоњини.
Fourth quarter #AusOpen pic.twitter.com/MDuSQGLuQO
— Ilya Ryvlin (@ryvlin) January 11, 2018
Третиот фаворит, кој лани играше во полу-финалето, Григор Димитров во првите две кола ќе игра против квалификанти, а потоа проектиран ривал му е Андреј Рубљов. Осмина-финалето на Бугаринот ќе му ги донесе Кирјос или Цонга.
Ѓоковиќ во првото коло за противник го доби Американецот Доналд Јанг, во второто коло најверојатно ќе игра против Гаел Монфилс, а потенцијален ривал во третата рунда му е Алберт Рамос.
Првиот Гренд слем во сезоната се игра од 15 до 28 јануари, кај мажите титулата ја брани Федерер, додека во женска конкуренција Мелбурн ќе добие нова шампионка, откако ланската победничка Серена Вилијамс го откажа учеството.
Наградниот фонд на Австралија опен изнесува 43.200.000 американски долари.