Top Sport

АО: Ѓоковиќ победи и покрај повредата, Кербер како „воз“ преку Шарапова (видео)

Шесткратниот шампион Новак Ѓоковиќ влезе во четвртото коло на Австралија опен и покрај медицинската пауза која ги зголеми сомнежите околу неговата физичка подготвеност.

Ѓоковиќ доби медицинска помош во вториот сет за масаша на долниот дел на грбот, но на крајот со 6:2/6:3/6:3 го победи Шпанецот Алберт Рамос-Вињолас. И покрај убедливиот скор, Србинот не беше во својата најдобра форма за да победи по 2 часа и 23 минути и да добие пресметка со 21-годишниот Кореец, Хјеон Чунг, кој првпат ќе игра меѓу најдобрите 16 на еден гренд слем.

Ѓоковиќ го игра својот прв турнир по Вимблдон во јули 2017 година и шестмесечната пауза поради повреда на лактот.


Надежите на Марија Шарапова за победнички кам-бек на Австралискиот опен завршија неславно откако Анџелике Кербер ја доби пресметката на поранешните шампионки со лесни 6:1/6:3.

Вечерниот дуел на „Род Лејвер“ арената меѓу единствените две носителки на гренд слем трофеј во ждрепката требаше да биде „дуел на вечерта“, но наместо тоа Германката апсолутно доминираше против Шарапова, која изгледаше добро во привте две кола.

Кербер го освои првиот сет експресно, по што Русинката малку се закани со кам-бек во вториот, пред да „капитулира“ при 3:4 давајќи и шанса на шампионката од 2016 да се пласира во четвртото коло.

Scroll to Top