Top Sport

АТП Акапулко: Надал го разби Димитров, епски колапс на Иснер (видео)

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал се пласираше во финалето на АТП тенискиот турнир во Акапулко (Мексико) со победата против Бугаринот Григор Димитров. Мадал слвеше со 2-0 за 104 минути игра, со 6-3 и 6-2.

Шпанецот повторно успеа да се пласира во финалето на турнирот во Мексико откако минатата година потфрли и беше елиминиран уште во второто коло, од Ник Кирјос.

Првиот брејк на мечот кој заврши рано утрово по средноевропско време му припадна на Димитров, поведе со 2-1 во првиот сет. Сепак, потоа двапати по ред го загуби својот сервис.

Имаше шанси да се врати бугарскиот тенисер уште во првиот сет, но Надал спаси три брејк топки, па следуваше водство од 1-0 во сетови.

Во вториот сет сликата на теренот беше речиси идентична како и претходно, по што следуваше нов успех за Шпанецот.

Противник на Надал во финалето ќе му биде Американецот Тејлор Фриц кој со голем пресврт славеше триумф над сонародникот Џон Иснер, (2-1, 2-6 7-5 и 6-3).

Младиот американски тенисер имаше заостанување од еден сет, а Иснер имаше и брејк повеќе во вториот сет.

Следуваше потполн колапс на еден од најдобрите сервери на сите времиња. Иснер загуби 5 од следните 6 гемови, а загуби и на свој сервис во третиот одлучувачки сет.

Scroll to Top