Top Sport

АТП: Федерер повторно е прв

Роџер Федерер повторно е број 1 на АТП листата, откако со триумфот на турнирот во Штутгарт, го прескокна Рафаел Надал.

Швајцарецот кој ја пропушти комплетната сезона на земјана подлога, од денес на врвот има 8.920 бода, додека Надал е сега втор со 150 бода помалку.

Кога станува збор за најдобрите десет во светот, на најновата АТП листа има само една промена. Марин Чилиќ и Григор Димитров ги заменија местата, Бугаринот е на петтата, а Хрватот на шестата позиција.

АТП, Топ 10:

1. Роџер Федерер (Швајцарија) 8.920 поени
2. Рафаел Надал (Шпанија) 8.770
3. Александар Зверев (Германија) 5.965
4. Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 5.080
5. Григор Димитров (Бугарија) 4.870
6. Марин Чилиќ (Хрватска) 4.860
7. Доминик Тим (Австрија) 3.835
8. Кевин Андерсон (Јужна Африка) 3.635
9. Давид Гофан (Белгија) 3.110
10. Џон Изнер (САД) 3.070

Scroll to Top