Top Sport

АТП ги избра најдобрите во последната деценија: Ѓоковиќ па сите останати

Новак Ѓоковиќ остварил најмногу успеси во изминатата деценија, потврди Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП). Покрај српскиот тенисер во најдобрите пет, според АТП, се уште и Рафаел Надал, Роџер Федерер, Енди Мареј и Стан Вавринка.

АТП во образложението констатира дека Ѓоковиќ, Мареј и Вавринка им се приклучиле на Федерер и Надал во доминацијата во светскит тенис. Ѓоковиќ најголемите успеси ги остварил во последните десет години, период во кој освоил 15 од своите 16 грен-слем титули. Во изминатата деценија Ѓоковиќ освоил вкупно 61 трофеј на АТП турнирите и пет пати ја завршувал годината на првото место.

Надал освоил 48 титули (13 грен-слем, 20 мастерси) и четири пати бил прв на крајот од годината.

Федерер победил на 42 турнири, шест пати освоил грен-слем титула, два пати победил на Завршниот мастерс, а на турнирите од Мастерс серијата победил 12 пати.

Мареј во последните десет години освоил 32 трофеи. На грен-слем турнирите победил три пати, освоил десет титули на Мастерс турнирите, два пати освоил златен медал на Олимписките игри, а еднаш бил прв на крајот од годината.

Вавринка во вој период освоил 15 трофеи. Освоил три грен-слем титули и еден Мастерс.

Scroll to Top