Новак Ѓоковиќ со победата на Синсинати мастерсот дополнително ја зголеми својата предност на АТП листата во однос на Рафаел Надал.
Српските тенисер ја започна својата 284 недела како светски број 1 со 10.860 бодови. Втор на листата е Рафа Надал кој има 1.100 бодови помалку од Ѓоковиќ.
Зад најдобрите двајца се Доминик Тим од Австрија 7.135 бодови и Швајцарецот Роџер Федерер (6.630).
Во Топ 10 уште се Данил Медведев (Русија), Стефанос Циципас (Грција), Александар Зверев (Германија), Матео Беретини (Уталија), Гаел Монфис (Франција) и Давид Гофан (Белгија).