Top Sport

АТП куп: Австралијците без пардон и против Канада, чисти 3-0

Тениската репрезентација на Австралија оствари уште една максимална победа на премиерното издание на АТП купот.
Австралијците во рамки на Ф групата чии мечеви се играат во Бризбејн, по победата бад Германија го земаа скалпот и на Канада со 3-0 и така речиси си обезбедија пласман во финалниот турнир во Сиднеј.

Џон Милман го победи со 2-0 (6-4 и 6-2) Феликс Оже-Алијасим, а Алекс де Минор беше подобар од Денис Шаповалов со 2-1 (6-7 6-4 и 6-2).

Австралијците славеа и во двојки, Крис Гучионе и Џон Пирс беа подобри од Оже-Алијасим и Адил Шамасдин со 2-1 (3-6 7-6 10-8).

Во вечерниот термин од оваа група се состануваат Германија и Грција.

Во другите групи, во Перт, Италија со 2-1 славеше победа против Норвешка, а во Ц групата во Сиднеј, Бугарија беше подобра од Молдавија со 2-1.

Scroll to Top