Титулата на мастерсот во Синсинати го доближи Новак Ѓоковиѓ до првите пет тенисери на АТП листата. Ѓоковиќ, кој во Синсинати, го победи Роџер Федерер во финалето, од денес се наоѓа на шестото место на листата на најdобрите тенисери.
Ѓоковиќ во Синсинати го крена пехарот и освои 1.000 бода и од денес тој го дели шестото место на АТП листата со Марин Чилиќ. Двајцата имаат по 4.445 бода.
Број 1 на АТП листата е Рафаел Надал со 10.040 бода, втор е Роџер Федерер, трет Хуамн Мартин дел Потро…
АТП листа, Топ 10:
1. Рафаел Надал (Шпанија) – 10.040
2. Роџер Федерер (Швајцарија) – 7.080
3. Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) – 5.500
4. Александар Зверев (Германија) – 4.845
5. Кевин Андерсон (Јужна Африка) – 4.615
6. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 4.445
6. Марин Чилиќ (Хрватска) – 4.445