Top Sport

АТП „откри“ кој е најдобриот тенисер во историјата

Светската тениска асоцијација (АТП), на својот профил на Инстаграм, направи попис на успесите на играчите од „големата тројка“.

АТП ги вреднува успесите на најголемите турнири, односно освоените Гренд слем трофеи, завршните Мастерси, Мастерсите од серијата 1.000 и Олимписките игри.

Најмногу вакви трофеи има Новак Ѓоковиќ. Светскиот број 1, во кариерата освоил 58 титули на најголемите турнири, две повеќе од Рафаел Надал и четири од Роџер Федерер.

Ѓоковиќ е поуспешен и во меѓусебните дуели со Надал и Федерер. Против Шпанецот во победи води со 29-27, а против Швајцарецот има 27-23.

 

Scroll to Top