Top Sport

АТП парично го казни Џумхур и покрена дополнителна истрага

Дамир Џумхур ја дозна првата казна за скандалот што го предизвика на турнирот во Акапулко.

Тенисерот од Босна и Херцеговна, самоволно го напушти мечот со Ботик ван де Зандшлуп, во финишот на првиот сет. Незадоволен од една одлука, Џумхур влезе во жестока расправија со судијата.

Подоцна Џумхур ги демантираше медиумите дека рекол, дека „сака да го убие судијата“. Откако Џумхур го напушти мечот, организаторот донесе одлука да го дисквалификува.

Џумхир, поради ова, остана без паричната награда, која си ја обезбеди откако го мина првото квалификациско коло, од 5.280 долари, а АТП го казни со дополнителни 6.500 долари за неспортско однесување.

АТП најави дека за овој случај ќе спроведе дополнителна истрага, што значи дека Џумхур може да добие уште некоја казна.

Scroll to Top