Мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим во полуфиналето на Завршниот мастерс во Лондон е прогласен за најдобар меч во 2020-та година од страна на АТП.
Австриецот го победи Србинот со 2-1 (7-5 6-7 и 7-6) иако првиот на АТП листата во тај-брејкот на одлучувачкиот трет сет имаше водство од 4:0. Тим ги освои седум од наредните 8 поени и стигна до победата.
„Секој удар влегуваше, беше неверојатно и знам дека тоа нема да се повтори на секој нареден меч“ изјави Тим по дуелот.
Австриецот со овој триумф ја намали негативата што ја има во однос на Ѓоковиќ, па сега таа изнесува 7:5.
„Морам да му честитам, јас не одиграв ниту еден лош поен по 4:0, но тој беше фантастичен“ рече Ѓоковиќ по мечот.
Втор најдобар меч годинава е вториот полуфинален дуел на Завршниот турнир во Лондон, меѓу Рафаел Надал и Данил Медведев. Русинот славеше против фаворитот со 2-1 (3-6 7-6 и 6-3).
Како трет најдобар меч во годинава што се ближи кон крајот е победата на Диего Шварцман против Денис Шаповалов во полуфиналето на Мастерсот во Рим. Аргентинецот славеше со 2-1 (6-4 5-7 и 7-6).