Александар Зверев доби суспензија од осум недели и парична казна од 25.000 долари за инцидентот што го предизвика на турнирот во Акапулко, соопшти АТП. Казните се условини, ќе бидат активирани доколку Зверев предизвика сличен инцидент до 23.февруари 2023 година.
Германецот, удираше со рекетот по судиското столче, а потоа влезе и во вербална расправија со судијата, откако испадна во првото коло во игра на парови.
По инцидентот, Зверев беше дисквалификуван од турнирот, остана без паричната награда од 31.570 долари и му беа одземени бодовите освоени на турнирот. АТП за инцидентот веќе го казни парично со 40.000 долари.