Австралија го врати „Ешис“ трофејот во крикет, откако успеа да ги совлада Англичаните на третиот тест во Перт за недостижно 3:0 водство во уште еден засрамувачки ден за англискиот крикет.
Ниту дождот во Перт не спречи Англија да биде посрамотена, губејќи со ининг и 41 рана, додека Џош Хејзлвуд беше најдобриот Австралиец со пет викети.
Ова е седма австралиска победа во осум „Ешис“ турнири на домашен терен и враќање на урната (со пепелта на англискиот крикет) по англиската победа во 2015 година. Австралија има осум победи во низа против Англија на домашен терен, израмнувајќи го рекордот од 1920-тите.
Англичаните ќе се обидат да избегнат втор 5:0 пораз во Австралија и трет во последните 11 години со два меча во Мелбурн и Сиднеј на програмата.