Австралиската рагби репрезентација, заедно со пејачката Оливија Фокс, првпат во историјата ја пееја химната на Австралија на абориџински јазик пред мечот со Аргентина од Три-нејшнс тестот во Сиднеј.
Фокс, поддржана од 23-те рагби играчи кои ги носеа дресовите на „Првата нација“, прво ја испеаја химната на јазикот на народот Еора од близината на Сиднеј, а потоа и на англиски
Ова е првпат австралиската химна „Advance Australia Fair“ да биде испеана на абориџински јазик на едно спортско напреварување, за разлика од Нов Зеланд, каде што пред секој рагби натпревар се пее химната на Нов Зеланд на англиски и на маорски јазик.