Директорот на АТП турнирот во Виена, Хервинг Старка, истакнал дека Рафаел Надал сигурно нема да настапи на турнирот, но дека се надева дека во австриската престолнина ќе дојде Новак Ѓоковиќ,.
Надал, поради повреда, не настапил на ниту еден турни уште од полу-финалето на Ју-Ес опен. Шпанецот пред десет дена започна да тренира и се надева дека на тениските терени ќе се врати на мастерсот во Париз.
Од друга страна Ѓоковиќ кој во неделата го освои мастерсот во Шангај, најавил дека би можел да игра во Виена или Базел. Настап на еден од овие два турнири српскиот тенисер би го вратиле на првото место на АТП листата.
„Речиси секојдневно разговарав со Рафа. За жал, немам добри вести. Надал се уште не е подготвен. Сакавме да го донесеме, но знаете, не сака да игра додека не биде целосно подготвен“, рекол Старка и дополнил.
„Подготвуваме план „Б“ за Ѓоковиќ. Мораме да се ангажираме уште малку, сакаме нашите навивачи да видат голема ѕвезда“.
Турнирот во Виена ќе започне на 22.октомври.