Автобиографијата на руската УФЦ ѕвезда, Хабиб Нурмагомедов со едноставен наслов „#KhabibTime” ќе биде преведена на шест јазици за да можат и интернационалните фанови на Дагестанецот да прочитаат за неговиот неверојатен живот.
Во книгата се опишува неговиот пат од дагестанската „пустелија“ до ѕвездите, од првите чекори во борењето, до спектакуларната победа над Конор Мекгрегор во УФЦ октагонот.
„Преводот веќе започна. Се надеваме дека ќе имаме англиска верзија до крајот на февруари, бидејќи таму најмногу се очекува. Потоа ќе има преводи и на арапски, кинески, хинди и турски. Имаме контакт и од португалски преведувач, бидејќи Хабиб во кариерата победи четири Бразилци“, вели ко-авторот на книгата, Заур Курбанов за „ТАСС“.
Хабиб и Курбанов ја пишуваа книгата од 300 страници две години, а таа доби презентација во москва минатиот месец.
„Кога почнавме да пишуваме навистина не сметав дека за две години ќе бидам УФЦ шампион кој ја одбрани титулата во најголемиот меч во историјата на УФЦ229“, напиша Хабиб на Инстаграм.