Top Sport

Азаренка и Остапенко први полуфиналистки на Индијан Велс

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка (32) и Латвијката Јелена Остапенко се првите полуфиналистки на годинешниот турнир од серија 1.000 – Индијан Велс. Азаренка во четвртфиналето беше поуспешна од Американката Џесика Пегула, додека Остапенко беше подобра од Шелби Роџерс, исто така од САД.

Азаренка, која беше победничка на турнирот во 2012 и во 2016 година лесно и брзо, со 6-4 и 6-2 стигна меѓу четирите најдобри на турнирот, додека Остапенко, која е освојувачка на Ролан Гарос од 2017 година мораше да игра трет сет за пласман во полуфиналето – (6-4, 4-6, 6-3).

Останатите два четвртфинални дуели се на програмата вечерва, а во нив Естонката Анет Кoнтавеит ќе ги одмери силите со Тунижанката Онс Жабур, додека Шпанката Паула Бадоси ќе се соочи со Германката Анжелик Кербер.

Scroll to Top