Поранешната светска тенисерка број 1, Викторија Азаренка се повлече од турнирот во Оукленд, кој започнува на 1 јануари 2018 година, откако доби вајлд-карта за турнирот, а проблемите околу старателството на нејзиниот едногодишен син Лео може ќе ја спречат и да настапи на Австралискиот опен.
Азаренка одигра само два турнири во 2017 (Мајорка и Вимблдон) и сега сериозно размислува дали да патува на Австралија опен, првиот гренд слем кој стартува на 15 јануари.
„Очигледно има многу работи кои се случуваат во нејзиниот живот, и затоа Викторија нема да биде кај нас следната недела. Таа вети дека сигурно доаѓа во 2019 година“, вели директорот на турнирот, Карл Баџ.