Top Sport

Банкротот на Бекер кулминира, ги распродава трофеите, но и чорапите!

Поранешниот тениски ас, Гермнецот Борис Бекер ги ставил на аукција личните работи, трофеите и сувенирите во вредност од 200.000 фунти, за да собере пари и да ги исплати долговите, пренесуваат британските медиуми.

Информациите се дека репликите од трофеите од Вимблдон, УС Опен и Дејвис купот, медалите и оделата се на аукција. Исто така се продаваат неговите рекет, часовниците, потниците, па дури и чорапите.

Аукцијата на интернет ќе трае до 11 јили, а продажбата на работите на екс-тенисерот ја организираат стечајните управници.

Шесткратниот гренд-слем тениски шампион прогласи банкрот уште во јуни 2017 година. Аукцијата беше организирана порано, но беше одложена откако Бекер се повика на дипломатски имунитет. Тој рече дека е поставен за спортски аташе во Централноафричката Република.

Scroll to Top