Францускиот тенисер Елиот Беншетри беше засрамен од судијата на столче откако при меч од квалификациите за Австралија опен побара од девојчето што собира топчиња да му ја излупи бананата.
Светскиот рекет број 229 беше на пауза кога доби банана, која ја предаде на девојчето што собира топки, но судијата Џон Блом интервенираше и го натера тенисерот со заби да ја излупи бананата.
Ова не го спречи Французинот да се квалификува за првото коло на главниот турнир во Мелбурн, каде што ќе игра со 84-рангираниот Јапонец Јуичи Сугита.
So this is the moment where Elliot Benchetrit asks the ballkid to peel his banana. I’m glad the umpire (John Blom) stepped in and told him off. pic.twitter.com/TK1GET68pG
— Alex Theodoridis (@AlexTheodorid1s) January 19, 2020