Австралијката Ешли Барти ја одбрани титулата на Мастерсот во Мајами.
Барти до триумфот дојде откако противничката, Бјанка Андреску и о предаде мечот во вториот сет.
Првиот сет, кој го обележаа брејкови на почетокот, го реши Барти со 6:3. Во вториот ги искористи сите проблеми со кои се соочуваше Андреску, експресно направи два брејка, а при резултат 4:0, Канѓанката го предаде мечот.
Барти ја одбрани титулата која ја освои во 2019 година. Минатата година поради коронавирусот Мастерсот во Мајами не се одржа.