Top Sport

Башиќ го преживеа „маратонот“ и ја освои Софија

Босанскохерцеговскиот тенисер Мирза Башиќ ја освои својата прва АТП титула во кариерата откако во маратонското финале на Софија опен со 7:6(6)/6:7(4)/6:4 го совлада Романецот Мариуш Копил.

Башиќ, кој на турнирот настапуваше како квалификант, почна одлично и направи брејк за 2:1, но во десеттиот гем Копил израмни за да примора тај-брејк. Башиќ се врати од негатива 2:4 за да го освои гемот. Во вториот гем повторно имаше слична ситуација, само што тогаш Копил прв направи брејк, по што Башиќ се враќаше, пред да го загуби тај-брејкот.

Последниот сет беше израмнет сè до деветтиот гем, кога Башиќ го направи клучниот брејк за да ја освои титулата.

„Им благодарам на сите кои дојдоа да ме гледаат денеска и се надевам дека уживаа. Имав малку среќа, но ова е најдобрата недела во мојата кариера. Затоа Софија секогаш ќе биде во моето срце“, изјави Башиќ, кој заработи 90.000 евра со победата.

Со победата, Башиќ ќе скокне на 76. место на АТП листата, односно првпат ќе влезе во топ 100 на машкиот тенис. Тој е вториот тенисер од Босна и Херцеговина со АТП титула по Дамир Џумхур, а до титулата дојде со седум победи вклучувајќи ги мечевите од квалификациите.

Scroll to Top