Top Sport

Басино победи на првата трка во сезоната

Со победата на Марта Басино, во Зелден, започна новата сезона во Светскиот куп, во алпско скијање. Италијанката победи во велелеслалом. За Басино ова беше втора победа во кариерата, првата ја забележа лани во ноември, во Килингтон.

Басино по двете трки имаше за 14 стотинки подобро време од сонародничката Федерика Брињоне, која го брани Големиот кристален глобус. Победничкиот пиедестал го комплетираше Петр Влхова од Чешка која заврши на третото место.

Сезоната во Зелден продолжува утре со машката трка во велелслалом.

Scroll to Top