Тенисерот Аљаж Бедене реши повторно да настапува под словенечко знаме и покрај тоа што стана британски државјанин во 2015 година.
Светскиот број 49 ќе игра за својата родна земја од 2018 година во обид да се квалификува на Олимпијадата во 2020 година во Токио, откако новите правила на Интернационалната тениска федерација (ИТФ) значеа дека тој нема да може да настапи на Олимпијадите, ниту во Дејвис купот за Велика Британија.
28-годишниот Бедене беше британски број 2 зад Енди Мареј, и вели дека не може да дозволи да ги пропушти двете натпреварувања кои му значат толку многу.
„Гордо ја нарекував Британија мој дом во последните девет години и толку многу луѓе ме направија да се чувствувам добредојден во Британија и низ целиот свет. Но, мојот сон беше да настапувам во Дејвис купот и во Олимпијадата“, вели Бедене.
Неговиот кам-бек во словенечкиот тим стана полесен по заминувањето на долгогодишниот селектор на Дејвис куп репрезентацијата, Блаж Трупеј, на чие место дојде Миха Млакар, негов добар пријател кој присуствуваше и на неговата свадба. Братот близнак на Аљаж, Андраж беше поставен за помошник на Млакар.
Бедене исто така се иссели од Хертфордшајр, каде што живееше последните шест години, откако неговата сопруга Кималие не се навикна на животот во Британија и сега ќе се врати во Словенија да ја следи својата кариера на поп-пејачка.