Top Sport

Бекер двапати се разведуваше, на Вимблдон ја прошета новата девојка!

Легендарниот германски тенисер, Борис Бекер ужива во мечевите на неофицијалното светско тениско првенство – Вимблдон. Друштво му прави неговата нова девојка, политичката аналитичарка Лилиен де Карваљо.

Иако нивната врска официјално не е потврдена, јасно е дека се многу блиски и уживаат додека се заедно.

Лилиен се појави во елегантно издание, а публиката во Лондон не ги тргнуваше погледите од вљубениот пар.

Приказната на нивната врска трае од минатата година кога заедно крстареа на луксузна јахта низ Шпанија. Една година претходно Бекер се појавуваше во јавност со 20 години помладата манекенка – Лејла Пауел.

Германецот зад себе има два брака, со Лили Бекер и Барбара Бекер.

Од првиот брак има еден, а од вториот двајца синови. Има и ќерка со Анџела Ермакова.

Scroll to Top