Борис Бекер, поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, вели дека на својот поранешен ученик му посакува само успеси во кариерата и го спореди со машина со „илјадници работни часови на теренот“.
Германецот и Србинот соработуваа од 2013 до 2016 година и во тој период Ѓоковиќ освои шест од своите 12 гренд слем титули.
Бекер, во разговор за Си-ен-ен рекол, дека Ѓоковиќ вложил илјада и илјада часови во тренинзите и доколку немал таков став немало да биде врвен туку само просечен тенисер.
„Секако дека не е лесно да се биде најдобар. Морате многу работи да жртвувате, многу работи мора да повторувате, мора да работите напорно. Пиради ова мала е бројката на оние што стигнуваат до самиот врв. На Новак му посакувам се најдобро, навивам за него и сакам да победи против сите, исклучок е само мојот сонародник Зверев“, рекол Бекер.
Новак Ѓоковиќ, денес во второто коло на Ролан Гарос, ќе игра против анонимниот Шпанец Ѓуама Мунар.