Top Sport

Бекер во одбрана на Ноле: И јас имав 30 години и сакав да уживам со пријателите

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ со денови е мета на критики за организацијата на „Адрија тур“ кој беше откажам минатата недела откако меѓу учесниците се појавија заразени со коронавирус.

Пораки со поддршка за Ноле испратија Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, но најсилно во негова одбрана застана неговиот поранешен тренер, екс-германскиот тенисер, Борис Бекер.

„Сакам да го одбранам Новак. Сметам дека критиките на негова сметка се нечесни и претерани. Новак со најдобра намера го организираше турнирот и причината беше племенита. Се согласувам дека журките и кошарката не требаа, но да го разбереме тоа. И јас имав 30 години и сакав да уживам кога ќе се видев со пријателите. Не го оправдувам тоа што го направија, но ги разбирам. Се надевам дека сите заразени брзо ќе се опорават и ќе се врати тенисот“ – рече Бекер.

Scroll to Top