Top Sport

Бенчиќ одбила да игра против сонародничката Кинг која се вратила од Палермо

Белинда Бенчиќ одбила да игра меч против тенисерка која неодамна во Швајцарија се вратила од Палермо. Една од тенисерките била позитивна на коронавирусот но организаторите не го прекинаа турнирот во Палермо.

Противничката на Бенчиќ била тестирана по враќањето во Швајцарија, нејзиниот тест бил негативен и лекарите и дозволиле да се натпреварува.

Леони Кинг била поразен во квалификациите во Палермо, па се вратила во Швајцарија но Бенчиќ одбила да игра бидејќи не се „чувствувала безбедно“, поради ситуацијата со коронавирусот.

Откако Бенчиќ одбила да игра Леони Кинг во знак на протест се повлекла од турнирот во Швајцарија.

Scroll to Top