Top Sport

Бенет со втора етапна победа на дождот во Имола (видео)

Ирецот Сем Бенет стигна до втора етапна победа на Џиро Д’Италија откако не му пречеше силниот дожд за победа на 12. етапа, која заврши на тркачката патека во Имола, каде што до неодамна се возеа Формула 1 трки од ГН на Сан Марино.

При тешки услови, Бенет (Бора-Хансгрое) стигна до втора етапна победа да се доближи на само 22 поени во пласманот на поени, или „маља чикламино“, зад италијанскиот спринтерски ривал Елија Вивијани (Квик Степ). Бенет нападна рано за да победи пред Холанѓанецот Дени ван Попел (Лото-Џамбо) и Италијанецот Николо Бонифацио (Бахреин Мерида) по 214 километри од Осимо.

Во генерален пласман немаше промени. Британецот Сајмон Јејтс остана сигурен во главната група за да остане на 47 секунди пред Холанѓанецот Том Думулин (Санвеб) во генерален пласман, пред викендот со „планински“ возбудувања.

Фото: ЕПА

Scroll to Top