Top Sport

Беноа Пер повторно збесна на теренот, па доживеа елиминација во Буенос Аирес

Беноа Пер е еден од најконтроверзните тенисер на денешнината. Познат е по инцидентното однесување во моментите кога не може да им се спротивстави на противниците на теренот.

Пер, испадна во осмина-финалето на турнирот во Буенос Аирес од Франциско Серундол . Откако го доби првиот сет со 6:4, започна „жолтата минута“ на Пер, го изгуби вториот сет со 3:6, а третиот со 1:6.

Со бизарното однесување Пер започна во вториот сет кога влезе во расправија со судијата по еден поен, а поенот го доби Серундл, францускиот тенисер плукна на трагата што го остави топчето.

Со бизарното однесување продолжи во текот на вториот и третиот сет, а целата ситуација кулминираше во последниот гем, кога намерно направи две дупли грешки.

Пер знае дека ќе биде казнет за однесувањето, но на Твитер порачал дека има доволно пари да ја плати казната.

Scroll to Top