Контроверзниот француски тенисер Беноа Пeр продолжи да бележи лоши резултати од почетокот на сезоната. Тој забележа нов пораз во мечот од 1.коло на турнирот во Есторил.
Квон Сон-ву, тенисерот кој го победи на почетокот на минатонеделниот турнир во Барселона, победи со 6:4, 7:5, а Паир имаше што да и каже на публиката за време и по натпреварот.
Во петтиот гем од вториот сет, Пер влезе во вербален конфликт со некој од публиката, а по мечот отиде чекор понатаму.
Публиката со свирежи го испрати од теренот, а тој одговори со покажување на задникот, а потоа накратко почна да го спушта шорцот, но запре и продолжи кон соблекувалната.