Томаш Бердих објави дека се повлекува од чешкиот Дејвис куп тим откако ги предводеше до две титули во низа во 2012 и 2013 година.
„Една прекрасна тениска ера завршува за мене и пресреќен сум што можев да ја донесам ’салатарата’ двапати во Чешка. Одиграв 29 дуели во Дејвис купот од 2003 година, но на 32 години не можам повеќе да играм без одмор“, вели 32-годишниот Бердих, освојувач на 13 АТП титула, но ниту еден гренд слем.
Бердих, кој победи 50 во своите 67 меча во Дејвис купот беше еден од ретките тенисери кои секогаш одговараа на повикот на својата репрезентација – од 2003 до 2013 година пропушти само два дуели.
Бердих и Радек Штепанек беа моќна комбинација при шампионските сезони во 2012 и 2013 година, а заедно со полуфиналето во 2014 имаа неверојатна низа од 11 победи. Чесите испаднаа од Светската група по поразот од Австралија минатата година и сега ги очекува дуел со Израел во Втората зона.