Top Sport

Беретини ќе му се спротивстави на Зврев во финалето во Мадрид

Матео Беретини избори пласман во своето прво финале на турнирите од Мастерс серијата. Италијанецот, во полу-финалето, го победи Каспер Руд за 81 минута со 6/4, 6/4.

Беретини, десетти на АТП листата, во доминантен стил стигна до мечот за титулата. Руд од друга страна и во својот трет обид не успеа да избори пласман во финалето на еден од Мастерс турнирите.

Италијанецот одигра речиси совршен меч, со 24 винери и 15 неизнудени грешки, тој однос кај Руд беше 7/13. Во првиот сет Беретини направи брејк во седмиот, а во вториот сет во осмиот гем.

Противник во финалето на Беретини ќе му биде Александар Зверев, кој во претходните две рунди ги победи Рафаел Надал и Доминик Тим.

Меѓусебниот скор на Беретини и Зверев е 1:1.

Финалниот меч во недела ќе започне во 18.30 часот.

Scroll to Top