Top Sport

Беретини му откри на Дибала: Имав вртоглавици, не можев да јадам, а Ѓоковиќ си слушаше музика

Што им е заедничко на Паоло Дибала и Матео Беретини? Двјацата му се восхитуваат на Роџер Федерер.

Италијанскиот тенисер Беретини, во разговор со фудбалерот на Јувентус, Паоло Дибала, открил интересни детали од финалниот меч на Вимблдон, во кој противник му беше Новак Ѓоковиќ.

„Имав грчеви во стомакот. Се обидов да јадам, но беше тешко…Не е лесно кога треба да играш против Ѓоковиќ. Во соблекувалната пред мечот бевме само ние двајца, јас и Новак“, рекол Беретини и продолжил.

„Тој веќе имаше 30 Гренд слем финалиња зад себе, навикнат да се носи со тој притисок, за разлика од мене. Беше таму, делуваше опуштено, слушаше музика, додека јас не можев да јадам ниту ориз. Како да играм? Рацете ми се потеа, не можев да јадам, а кога разговарав со мојот тим ми се вртеше во главата“.

Финалето на Вимблдон му припадна на Ѓоковиќ. Србинот го победи Беретини со 3:1.

Scroll to Top