Откако се појавија снимките на кои безбол играчот на нисколигашот Ланкастер барнстормерс, Данри Васкез брутално ја тепа својата свршеница, тимот од Пенсилванија реши да му го скрати договорот.
Снимката од 2016 година, кога Венецуелецот играч за Корпус Кристи хукс во Тексас, беше шокантно примена во САД, иако поминаа две години од инцидентот, и придонесе тој да ја загуби работата.
„Видеото покажува неверојатна епизода на семејно насилство. Нема друг избор освен да ја прекратиме соработката со 24-годишниот играч. Ниту јас, ниту некој во Барнстормерс може да премине преку такво однесување“, изјави менаџерот на тимот, Рос Пиплс.
24-годишниот Васкез доби договор со МЛБ тимот на Детроит тајгерс во 2010 година, потпишувајќи договор како слободен агент за 1.2 милиони долари, но потоа беше пратен да игра во „малите“ лиги. Во 2013, Тајгерс го продадоа на Хјустон астрос, кои го отпуштија во 2016 година по пријавениот инцидент за домашно насилство за кое тој помина без казна.