Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е избранан за странска личност на годината во традиционалниот избор на британскиот сервис Би би си. Федерер оваа признание го доби по четврти пат во кариерата.
Федерер оваа година стана првиот тенисер кој осум пати го освоил Вимблдон, со што ја зголеми зборката на освоени Гренд слем трофеи на 19.
„Неверојатно сум горд што јавноста во велика Британија ме избра за странска личност на годината. Поддршката која ја добивам од британската публика е неверојатна“, рекол Федерер.
Оваа награда е рекордна, четврта, за Федерер, со што на вечната листа ги мина Мохамед Али и Јусеин Болт кој три пати ја добивале оваа награда на Би би си.