Top Sport

Би-би-си: Олимписките игри би можеле да се вратат во Сараево

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) се уште не го одбрал домаќинот на Зимските олимписки игри во 2030 година. Три града се кандидати за добивање на организацијата рекол во Лозана, членот на МОК, Октавиан Морариу.

Кандидати се Солт Лејк Сити, Сапоро и Барселона. Игрите во 2002 година се одржале во Солт Лејк Сити, а во 1972 година во Јапонија во Сапоро. Градот Барселона ги организирале Летните олимписки игри во 1992 година.

Како што пишува Би-би-си најмногу шанси има Барселона. Доколку каталонската престолнина ја добие организацијата тогаш ќе биде домаќин заедно со Андора бидејќи натпреварите во скијачките дисциплини би се одржувале на Пиринеите.

Тука доаѓаме до сензационалната вест на Би-би-си. Андора нема скокалници, поради што натпреварите во ски-скоковите би биле одржани во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево.

Овој град бил домаќин на ЗОИ во 1984 година. Тие Игри се едни од најдобро организираните во историјата на зимските олимпијади.

Ако се случи ова сценарио тогаш Сараево ќе има доволно време да ги реконструира објектите кои се оштетени во воените судири во 90 години од минатиот век.

Scroll to Top