Во време кога технологијата не познава граници навистина е едноставно да делуваш уредно и да создадеш свој стил. Нема потреба од часови и часови поминати во тоалетот за да се избричиш, да си ја средиш косата или да го средиш телото. Добиваш навистина одличен изглед, го намалуваш потрошеното време и имаш доволно време за останатите обврски и сопствениот напредок.
Токму „Филипс“ ни го прави секојдневието полесно, дозволувајќи да имаме повеќе време за себе си. Како водечка светска компанија во развој на електрични уреди за нега, „Филипс“ направи соработка со наши познати личности кои ги тестираа производите и го споделија своето мислење со нас.
Нивните искуства, препораки и совети можете да ги прочитате во продолжение.
Дарко Ангелевски – Професионален бармен, сопственик на локалот „Speakeasy“.
„Уживам во својата професија и насмевката која ја побудуваат кај луѓето моите коктели. Од рана возраст почнав да користам различни пени, гелови, сапуни за бричење и бричеви. Целата процедура ми одземаше многу време, некогаш и по 30 мин. на ден, бидејки имам многу специфично и остро влакно. Причината зошто почнав да го користам мултигрумерот е фактот што со еден тример ги завршувам сите работи кои ми се потребни, наместо да користам повеќе алатки. Самиот тример на „Филипс“ има додатоци за брада, додатоци за прецизно поткастрување, додатоци за коса и додатоци за средување на телото. Откако го користам мултитримерот за 2-3 минути сум готов да тргнам на работа. Често патувам, па тримерот го носам секогаш со себе. Имам свој барменски тулкит и тримерот си го најде своето место таму. Повеќе немам проблеми со напукната кожа, остатоци од црвени точки по лицето и други непријатни појави за време на бричењето. Морам да напоменам и дека со прецизниот додаток за средување на телото лесно ги отстранувам несаканите влакна. Мултитримерот го препорачувам на сите оние кои сакаат да изгледаат средено и смачено им е да користат повеќе алатки. Со овој производ на „Филипс“ добивате повеќенаменска алатка, прилагодена за сите делови на телото. Следете ме на мојот профил на „Фејсбук“, со „Филипс“ ви подготвуваме нешто многу интересно.“
Даниел Трбогазов – Професионален тренер за фитнес и пливање
„Вистинско задоволство е кога работиш со луѓе и кога ги гледаш среќни неколку месеци откако почнуваат да се покажуваат резултатите од напорната работа.Многу често ми се случуваше да се исечам со стариот тример кога пробуваав да ги отстранам влакната од телото каде контурите се поизразени, навистина непријатно чувство. Кожата многу често се случуваше и да се изиритира. Кога дознав дека тримерот на „Филипс“ е направен со хипоалергенска фолија која ја штити кожата бев искрено возбуден, затоа што тоа значеше крај на моите проблеми. Сега не трошам толку многу време за да бидам претпазлив и внимателен додека го користам овој тример. Особено ми се допаѓа системот за следење на контурите кој го има овој тример на „Филипс“, односно главата на тримерот е флексибилна и се движи во различни насоки, што дополнително ми прави да се чувствувам сигурен додека го користам. Сите позиции на телото кои беа тешко пристапни со овој тример се лесно решливи.
Го препорачувам затоа што ми заштедува време и е многу едноставен и практичен за употреба. Следете ме на мојот „Инстаграм“ профил и дознајте какви изненадувања ви спремивме со „Филипс“.
Марко Марк – ТВ и Радио водител
„Денот треба да тргне со насмевки и позитива, а јас ја имам честа да пробам да им ги разубавам утрата на гледачите. Тоа е прекрасно чувство. Ја негувам својата брата веќе долго време. Секое утро станувам рано поради тоа што морам да бидам во телевизија за емисијата која ја водам, па обично имав проблем со неред во тоалетот после секое бричење кое одземаше премногу време. Тоа дополнително предизвикано поради фактот што со претходната машинка морав да поминувам повеќе пати во одредена насока на лицето за да може да ги скратам влакната. Искрено многу ми значи тоа што го скратив времето на употреба од кога го користам „Филипс“ тримерот за брада. Има систем кој ги поткрева влакната и бричењето се одвива прецизно со помалце движења. Сепак, тоа што најмногу ми врши работа е вакуум системот кој ги собира влакната што значи дека позади себе не оставам неред. Можеш да го користиш буквално секаде: во студио, во канцеларија, во дневна соба….
Со моите пријатели од „Филипс“ ви спремивме супер активности, затоа следете го мојот „Инстаграм“ профил за да дознаете повеќе.“
Доколку ве интересираат повеќе информации за серијата на тримери за брада, за тело или мултифункционални тримери или се пронајдовте во некоја од изјавите на нашите пријатели Марко, Дарко и Даниел, можете да дознаете повеќе на саjтот на „Филипс“ на следниот линк: