Top Sport

Била маж, а на ОИ во Токио ќе крева тегови со жени!

Некогаш била маж, но сега е жена, се подготвува за Олимписките игри во Токио. Тоа ќе е првпат на една Олимпијда да настапува трансродова личност.

Се работи за Лорел Хубард од Нов Зеланд, се натпреварува во кревање тегови, а до пред 8 година била машко.
Оваа спортистка би требало да настапи во Токио затоа што ја исполни нормата од 285 подигнати килограми.

Хубард ќе е најстарата натпреварувачка во женска конкуренција, со 43 години, еден од фаворитите за освојување злато во супертешка категорија.

Во моментов е 16-та на светската ранг листа.

Откако Лорел е женско беше вицешампионка на светот во 2017 година и шестопласирана на истото натпреварување две години подоцна.

„Правилата кои ми дозволуваат да се натпреварувам во женска категорија првпат стапија на сила во 2003 година. Пред 10 години светот не беше подготвен за спортист како мене, а можеби не е ниту сега“ рекла Хубард пред 4 години.

Scroll to Top