Top Sport

Биланс по вториот ден на ОИ – Кина, Јапонија па САД според златните одличја!

На врвот на листата по бројот на освоени медали по вториот ден на Олимписките игри во Токио е Кина со вкупно 11 одличја, од кои 6 златни, 1 сребрени и 4 бронзени.

Втора на оваа ранг листа, пред се поради бројот на златни одличја, е домашната селекција на Јапонија. Тие освоија 5 злата и 1 сребро.

Трета на ранг листата е селекцијата на САД со вкупно 10 медали, но за разлика од Јапонците, само 4 златни. Надополнета е колекцијата и со 2 сребра и 4 бронзи.

Јужна Кореја по вториот ден има 5 медали од кои 2 се златни, а Русите собраа 7 медали, но само едно злато.

Следуваат Италија, Австралија, Франција…

Од земјите во регионот Србија има два медали, една сребрена и една бронзена, Косово има еден златен медал, Бугарија има едно сребро, а Словенија една бронза, онаа на велосипедистот Тадеј Погачар.

Scroll to Top